За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
- Како што информира УХМР, во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.
Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени.
Како што информира УХМР, во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.
До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. мч/дма/
фото: МИА