• недела, 05 мај 2024

За брзо возење казнети 105 возачи на автопатот Куманово - Скопје - Велес

За брзо возење казнети 105 возачи на автопатот Куманово - Скопје - Велес
Скопје, 19 март 2022 (МИА) - Сто и пет возачи се казнети денеска на автопатот Куманово - Скопје - Велес од мобилната единица на МВР за безбедност на сообраќајот на патиштата, која спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти Министерство за внатрешни работи. МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта. хс/ 

Остани поврзан