• петок, 27 декември 2024

Зајакната борба за независно судство, напредок на слободата за медиумите, но и проблеми со корупцијата, нотираше Стејт депарментот за земјава

Зајакната борба за независно судство, напредок на слободата за медиумите, но и проблеми со корупцијата, нотираше Стејт депарментот за земјава
Вашингтон, 11 март 2020 (МИА) - Пофални зборови за заложбите на Владата за воспоставување на независен правосуден систем, напредок во слободата на медиумите и слободата на изразувањето, но и забелешки за високата корупција и насилните акти врз припадници на ЛГТБ заедницата се содржани во Извештајот за човековите права на Стејт департментот, кој беше објавен денеска. Како еден од проблемите кои ги нотира извештајот на Стејт департментот за Северна Македонија е ниското ниво на независност на медиумите во земјава. -Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување, но остануваат проблемите, вклучително и слабата независност на медиумите и насилството и заплашувањето на новинарите, се вели во извештајот. Забелешката е дека медиумите во Северна Македонија во голема мера и натаму се поделени по политичка линија, но сепак се нагласува дека има зголемување на медиумите кои изразуваат различни позиции. Во извештајот се содржани пофални зборови за Владата во насока на јакнење на независноста на судството. Оценето е дека Владата има поголема почит кон независното судство, отколку што тоа било случај претходните години, а исто така Северна Македонија покажала и решителност за јакнење на правосудниот систем, донесувајќи пресуди за некои случаи на СЈО. Нотиран е одреден напредок во однос на борбата против корупцијата, но сепак доминантната улога на Владата во економијата создава можност за корупција, особено поради тоа што државата преку јавната администрација е најголем работодавач.

На светско ниво, како што јави Гласот на Америка, значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела

САД ги обвинуваат авторитарните влади ширум светот за сериозни „повреди и злоупотреби на човековите права“ за да контролираат какви било активности што можат да ја загрозат нивната моќ. -Искуството покажува дека владините службеници кои угнетуваат, злоупотребуваат и толерираат негирање на човековите права на сопствениот народ, исто така се одговорни за создавање социјални средини што се зрели и за економска и за хуманитарна криза и кои поттикнуваат корупција, насилен конфликт и тероризам, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во изјава на презентацијата на Извештајот за човековите права во 2019 година. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан