Заштитни маски и рози добија жените возачи во Кавадарци
- Заштитни маски, рози, едукативни флаери од областа на сообраќајот и миризливи фреш пораки за во возилата, добија денеска жените возачи во Кавадарци.

Кавадарци, 8 март 2021 (МИА) - Заштитни маски, рози, едукативни флаери од областа на сообраќајот и миризливи фреш пораки за во возилата, добија денеска жените возачи во Кавадарци.
Инспекторот за превенција, Димитар Каракулев, појасни дека станува збор за акција на ОВР Кавадарци и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.
- Ова е своевидна честитка за Денот на жената - 8 Март. Вози внимателно, празнувај одговорно, беше мотото на денешната акција, нагласи Каракулев. свд/ки/