• четврток, 21 ноември 2024

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД
Москва, 5 март 2021 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да соработува со американските партнери и конструктивно ќе одговори на секој нивен позитивен сигнал. -Руско-американските односи ги гледаме онакви како што треба да бидат, истакна Захарова, пренесе Тасс. „На овие односи гледаме како на односи на еднакво, взаемно почитување, и взаемно корисно партнерство. Така ние ги гледаме“, додаде таа. -Од друга страна, исто така, ги гледаме и чекорите што, да речеме, Брисел ги презеде под притисок на Вашингтон и не можеме да не ги видиме, рече Захарова, додавајќи дека Русија никогаш не одбила да соработува дури и во најтешките моменти . „Значи, ние ќе одговориме на позитивните сигнали конструктивно“, додаде таа во интервју за телевизијата „Русија-24“. сд/

Остани поврзан