Захарова ги обвини ОН за „стратешко молчење“ по нападот врз училиште во Иран
- Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран.
Москва, 11 март 2026 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран.
- Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ - изјави Захарова.
- Може да се пушти бел шум. Како што велеа во ЕУ? Потсетувам: ‘стратешка тишина’ - додаде таа.
Иранските власти тврдат дека САД и Израел на првиот ден од воената операција погодиле училиште во градот Минаб на југот на Иран, при што загинаа 168 деца. САД отворија истрага за случајот. ссм/мс/
фото: архива