• четврток, 28 ноември 2024

Затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пилотот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба

Затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пилотот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба

Белград, 29 февруари 2024 (МИА) - Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“.

„Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат сите потребни контроли, соопштено е од компанијата „Ер Монтенегро“, пренесуваат црногорските медиуми.

Додаваат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан