• среда, 25 декември 2024

Затворени два угостителски објекти во Куманово поради непочитување на здравствените протоколи, з

Затворени два угостителски објекти во Куманово поради непочитување на здравствените протоколи, з
Куманово, 7 март 2021 (МИА) - Два угостителски објекти од Куманово не ги почитувале здравствените протоколи, соопшти денеска СВР Куманово. Синоќа во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во чајџилница на улицата „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица. Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Друг угостителски објект, пак, е затворен бидејќи работел по дозволеното време, соопштија од СВР Куманово. Синоќа во 21:30 часот при контрола на угостителски објекти, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека угостителски објект на улицата „Октомвриска револуција“ работи по дозволеното време. Во објектот биле затекнати двајца гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата. ам/мд/

Остани поврзан