• вторник, 17 март 2026

Затвореник од Неготино фатен во Струга за доиздржување на затворската казна

Затвореник од Неготино фатен во Струга за доиздржување на затворската казна

Струга, 24 февруари 2026 (МИА) - Струшката полиција приведе 33-годишно лице од Неготино барано за доиздржување затворската казна во траење од шест месеци, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 13 часот и 35 минути на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полицијата од ОВР Струга го привела С.Д. (33) од Неготино. 

- Приведувањето е направено врз основа на судска наредба од Основниот суд Неготино за доиздржување на затворската казна во траење од шест месеци во историското четиригодишно дело „криумчарење мигранти“, стои во соопштението. 

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Идризово во Скопје за доиздржување на казната. сс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан