• недела, 22 декември 2024

Засилено полициско обезбедување во Охрид за посетата на унгарскиот премиер

Засилено полициско обезбедување во Охрид за посетата на унгарскиот премиер

Охрид, 27 септември 2024 (МИА) - Во Охрид се преземени сите неопходни мерки за безбедно и непречено движење на владините делегации предводени од премиерите на Северна Македонија и Унгарија.

Забележително е засилено полициско обезбедување низ улиците во и надвор од градот кој го надлетуваат хеликоптери и дронови. Дислоцирани се и возилата од паркинг местата на булеварот „Турстичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“, а з време на движењето на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум.

Безбедносни мерки во сообраќајот ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот. 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја преводи владината делегација која од вчера е во посета на земјава. Покрај официјалниот дел, предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат и цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. аб/сс/

Фото: МИА

Остани поврзан