• петок, 20 декември 2024

Засега нема преговори меѓу Хамас и Израел

Засега нема преговори меѓу Хамас и Израел
Тел Авив, 15 мај 2021 (МИА) - Во моментов не се водат преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти денеска израелското државно радио Кан, повикувајќи се на висок извор во еврејската држава. „Сега не зборуваме за прекин на огнот“, беше цитиран претставникот на државните служби. Според радиостаницата, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху утре ќе одржи состанок на владата, а за вечерва е најавена средба за проценка на безбедносната состојба. „Палестински радикали од Појасот Газа и вечерва ги продолжија ракетните напади врз израелските градови. Сирените за воздушен напад се огласија во Ашдод, Ашкелон, Нетивот, Сдерот и Киријат Гат“, соопшти армиската прес-служба. Меѓусебните ракетни напади на палестинските радикални групи во Појасот Газа и израелската армија траат од 10 мај. Според последните податоци, најмалку 10 лица се убиени од израелска страна и околу 140 од палестинска страна. ссм/

Остани поврзан