• петок, 20 декември 2024

Запрен е новиот закон што му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Запрен е новиот закон што му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Остин, 20 март 2024 (МИА) - Сојузниот Апелациски суд го замрзна контроверзниот закон за имиграција во Тексас, еден од најстрогите закони што во денешницата ги донесе една американска држава, јавува Би-Би-Си.

Одлуката дојде само неколку часа откако Врховниот суд одобри Законот SB4 да стапи во сила.

Законот SB4, кој администрацијата на претседателот Џо Бајден го нарече неуставен. ќе им овозможи на локалната и државната полиција да ги уапси и гони осомничените за илегално преминување на мексиканската граница.

Мексико соопшти дека одбива да ги прифати мигрантите депортирани од Тексас според новиот закон.

Одлуката на тричлениот совет во Апелацискиот суд во Њу Орлеанс за Петтиот округ за замрзнување на законот е најновата во серијата пресуди за судбината на SB4. ссм/

фото: архива

Остани поврзан