• четврток, 26 март 2026

Започнува ПетФест 2025 под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“

Започнува ПетФест 2025 под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“

Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) – Во Паркот на Франкофонијата под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, денеска ќе се одржи интернационалниот настан за љубителите на домашни животни „Петфест 2025“.

Како што стои во соопштението на ПетФест, на настанот ќе учествуваат професионалци од сите градови ширум земјава, како и од соседството, каде ќе бидат прикажани достигнувања во ветеринарната медицина, фармакологијата, европските и светските кинолошки шампиони, како и службените кучиња од единицата на МВР К9. 

– Учествуваат докажани професионалци од сите сфери на милениците од сите градови од Македонија и од соседството. Пет индустријата ќе ги прикаже своите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европски и светски кинолошки шампиони, службени кучиња од единицата на МВР К9, дресура на млади кучиња, хендлинг професори, стилисти за миленици, дегустација на храна и на сокови за кучиња, добитници на награди со мачки, соколари и одгледувачи на големи папагали, автохтони македонски раси македонски паничар, шарпланинец и караман, зоолошка градина на средното ветеринарно училиште, стои во соопштението. ра/цр

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан