• вторник, 25 јуни 2024

Започна уписот на ученици во прво одделение за следната учебна година 2022-2023 во „Јахја Кемал“

Започна уписот на ученици во прво одделение за следната учебна година 2022-2023 во „Јахја Кемал“
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Започна уписот на ученици во прво одделение за 2022-2023 учебна година во „Јахја Кемал“ по пилот програма. Како што информираат од „Јахја Кемал“ , наставата се реализира според наставниот план и програма за основното образование подготвени од Бирото за развој на образованието, а утврдени од МОН. -Паралелките се на македонски и албански наставен јазик, наставата се реализира со помош на најсовремени технички средстваː компјутери и паметни табли, а посебен акцент се става на интензивното изучување на англискиот јазик, и шахот како задолжителен предмет во првото одделение, соопшти „Јахја Кемал“.вј/

Остани поврзан