• недела, 22 декември 2024

Започна судскиот процес против Бекер кој е обвинет за прикривање имот

Започна судскиот процес против Бекер кој е обвинет за прикривање имот
Лондон, 22 март 2022 (МИА) - Во Лондон започна судскиот процес против Борис Бекер, обвинет за непочитување на законската обврска за откривање финансиски информации. Станува збор за периодот од мај до октомври 2017 година, кога се водеше случајот за стечај на поранешниот прв рекет на светот. Бекер ги негира обвинувањата за сите 24 точки, кои вклучуваат криење тениски трофеи, недвижен имот во Германија и Англија, акции, повеќе од 2 милиони евра, вклучително и 1,14 милиони од продажбата на автосалон и долг од 825 илјади евра. Германецот прогласи банкрот во јуни 2017 година, откако не беше во можност да го отплати заемот од 3,5 милиони евра што му беше одобрен за купување на недвижен имот во Мајорка. На судењето на присуствуваше шесткратниот Грен слем шампион. Процесот се очекува да трае три недели. зс/

Остани поврзан