• сабота, 18 мај 2024

Започна реконструкцијата на фудбалското игралиште во Миладиновци

Започна реконструкцијата на фудбалското игралиште во Миладиновци

Скопје, 21 септември 2023 ( МИА) - Општина Илинден започна со реконструкцијата на фудбалското игралиште во Миладиновци коe е со површина од 900 метри квадратни.

Како што известуваат од Општина Илинден, реконструкција ќе се изврши на трибината, ќе биде поставено ново лед осветлување и ќе се изврши промена на заштитната ограда, а ќе бидат поставени и корпи за отпадоци, како и уредување на просторот.

-Со реконструкција на фудбалското игралиште, младите ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде ќе го поминуваат слободното време, додаваат од Општината.

Општина Илинден ќе продолжи со изградба и реконструкција на спортските терени во останатите населени места. љм/вг/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан