• четврток, 26 март 2026

Започна реконструкцијата на улицата „Благој Стоименов“ во Делчево

Започна реконструкцијата на улицата „Благој Стоименов“ во Делчево

Делчево, 22 август 2025 (МИА) – Во Делчево започна целосна реконструкција на улицата „Благој Стоименов“. Пред реализацијата на градежните активности, на оваа улица беше изграден нов водоводен систем, со што е обезбедена квалитетна подземна инфраструктура.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој изврши увид во работите изјави дека со овие зафати на жителите им се овозможуваат подобри услови за живеење и побезбедно одвивање на сообраќајот.

-Овој проект е дел од пошироката програма на Општината за подобрување на локалната инфраструктура, со која чекор по чекор создаваме поквалитетни услови за сите граѓани и современ урбан изглед на нашиот град“, истакна Трајковски.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени од буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е фирмата „Атеа“. вс/свс


Фото: МИА

Остани поврзан