• петок, 05 декември 2025

Започна реконструкцијата на главната улица во росоманско Трстеник 

Започна реконструкцијата на главната улица во росоманско Трстеник 
Росоман, 1 ноември 2022 (МИА) - Започнаа градежните активности за реконструкција на главната улица во селото Трстеник, информираше попладнево градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.
- Со реконструирање на оваа улица ќе се подобрат условите за живот на граѓаните од село Трстеник. Со оваа инфраструктурна инвестиција остваруваме уште едно предизборно ветување. Станува збор за улица што е верувана неколку мандати наназад,
нагласи Николов.
Вредноста на проектот е 7.025.387,00 денари со вклучен ддв, улицата е долга 440 метри. Финансиите се обезбедени од буџетот на општината Росоман. свд/сст/

Остани поврзан