• четврток, 14 ноември 2024

Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица

Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица
Македонска Каменица, 15 јули 2021 (МИА) - Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје во М.Каменица. Целта на активноста, како што информираа од Општината, е зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и граѓаните.
- Хоризонталната сигнализација се поставува на улиците во градот кои беа реконструирани претходниот период. Во моментот, обележувањето и означување се врши пред училиштето „Миле Јаневски Џингар“ како и долж булеварот „Александар Македонски“, информираа од Општината.
Со реализацијата на сообраќајното решение и поставувањето на хоризонталната  сигнализација и опрема, како што додадоа, ќе се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот и ќе се обезбеди оптимално ниво на безбедно и непречено движење по новореконструираните улици.
- Претходно, обележување е извршено и на дел од улиците на влезот во Македонска Каменица од страната на Делчево, кои, исто така, беа опфатени со реконструкција и асфалтирање, додадоа од Општината.
Средствата за реализација на овие активности како што додадоа се обезбедени од општимскиот буџет. вс/ар

Остани поврзан