• понеделник, 23 декември 2024

Започна изведбата на новиот тротоар на улицата „Скупи“

Започна изведбата на новиот тротоар на улицата „Скупи“
Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) - Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изведба на нов тротоар на јужната страна на улицата „Скупи“, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“, па се до крстосницата со улицата 10, што води кон Бардовци. Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни метри. - За жал, на оваа локација никој не предвидел изградба на тротоар, а сите знаеме колку беше небезбедно движењето на пешаците. Нашата цел е на пешаците кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење. Сведоци сте дека Градот Скопје константно работи на ослободување и на создавање нови пешачки простори се со цел да имаме побезбедни пешачки површини за сите наши граѓани – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на почетокот на изградбата на новиот тротоар. На изградба на новиот тротоар ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градежните работи се очекува да завршат за околу еден месец, во зависност од временските услови, соопштија од Град Скопје. нд/сп/

Остани поврзан