• четврток, 15 јануари 2026

Започна зимската идила „Патека на радоста“ во Општина Илинден

Започна зимската идила „Патека на радоста“ во Општина Илинден

Скопје, 27 декември 2025 (МИА) - Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, вчера официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании, соопштија од Општината.

Како што се наведува во соопштението, првиот ден на посетителите им понудил богата и разновидна програма наменета за сите генерации. Најмалите имале можност да се запознаат и да се дружат со Маша и Медо, да уживаат во танцови изведби и да следат извонредно магионичарско шоу. Празничната атмосфера дополнително ја збогатил настапот на познатиот македонски изведувач Тони Зен.

-Настанот беше исклучително посетен, а прекрасната новогодишна декорација и внимателно осмислената програма придонесоа за вистинска празнична атмосфера исполнета со радост, дружење и позитивна енергија, се вели во соопштението.

„Патека на радоста“ продолжува и денеска и утре со нови активности и изненадувања вела од Општина Илинден и додаваат дека остануваат посветени на поддршка и реализација на вакви настани што го негуваат празничниот дух и ги сплотуваат граѓаните. ац/вј/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан