• четврток, 26 март 2026

Започна доградбата и реконструкција на ООУ "Синиша Стоилов" во Зрновци

Започна доградбата и реконструкција на ООУ

Зрновци, 26 август 2025  (МИА) - Започна доизградбата и реконструкција  на училишната зграда на ООУ „Синиша Стоилов“ во Зрновц, откако вчера беше воведен во работа избраниот економски оператор „Мак Бис Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје.

Вредноста на овој проект изнесува 5.406.429 денари обезбедени преку Источниот плански регион со подршка на Министерството за локална самоуправа.

Со неговата реализација Основното учлиште „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци ќе добие три нови простории. Две од нив се наменети за училници, третата е предвидена за сензорна соба за учениците со посебни потреби, каква што досега ова училиште немало.

Новите училници ќе бидат опремени со инвентар, нагледни средства и опрема според најновите образовни стандарди, со смарт табли и таблети за учениците.ис/вј/

Фото: Општина Зрновци

Остани поврзан