• вторник, 24 септември 2024

Запленет амфетамин и марихуана, приведени двајца дилери во скопски Карпош

Запленет амфетамин и марихуана, приведени двајца дилери во скопски Карпош
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Полицијата по претходно добиени оперативни сознанија, на ул. „Никола Тесла“ во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага. Од МВР информираа дека двајцата се лишени од слобода, а потоа е извршен претрес во дом на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага. Во текот на утрешниот ден, најавија, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство. цр/скс/

Остани поврзан