• четврток, 13 јуни 2024

Запалено возило пред плоштадот „Скендербег”, изгасено со брза интервенција на пожарникарите

Запалено возило пред плоштадот „Скендербег”, изгасено со брза интервенција на пожарникарите

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Како што изјави за МИА, сопственикот на возилото марка „форд” тоа се запалило додека тој бил внатре во возилото.

- Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, изјави сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време пожарот беше изгаснат. сх/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан