• недела, 22 декември 2024

Занимливости околу историјата на чоколадото

Занимливости околу историјата на чоколадото
Лос Анџелес, 27 јануари 2021 (МИА) - Чоколадото е една од најомилените слатки на луѓето ширум светот, со своја долга историја... Интернет-страницата „Квиз-клаб“ објави листа историски факти, тривијалности и занимливости околу ова „темно задоволство“. 1. Поголемиот дел од својата историја, чоколадото се консумирало во течна форма, а не како плочки. 2. Чоколадата - оние тврдите - содржат делови од инсекти. Официјално, мерката е најмногу 60 парчиња од инсекти по плочка... Инаку, чоколадото без инсекти во него, не успева во контролата на квалитетот. 3. Првата плочка цврсто чоколадо е произведена 1847 година. 4. Нацистите, во Втората светска војна, еднаш се обиделе да го убијат британскиот премиер Винстон Черчил испраќајќи му плочка чоколадо со експлозив во неа. 5. Темното чоколадо има многу кофеин и од „Кока колата“. 6. Компанијата „Лејс“ еднаш се обиде „да исфрли“ во продажба чоколадиран чипс. Се рекламираше како „солено-сладок“ чипс. 7. Царот на Ацтеките - Монтезума Втори пиел 50 чаши чоколадо секој ден. 8. Ацтеките го користеле чоколадото како платежно средство. Во Ацтечкото Царство откаде што чоколадото и потекнува, роб можел да се купи за 100 зрна какао. 9. Потребни се 400 зрна какао за да се направи една плочка чоколадо. 10. Во 1940-тите, стотици деца Канаѓанчиња штрајкувале против покачувањето на цената на чоколадото. 11. Европејците и Американците трошат 90 насто од целото чоколадо во светот. 12. Чоколадото е трипати послатко од црвеното вино. Виното има 200 соединенија за својот вкус, а во чоколадото има дури 600 хемиски состојки. 13. Чоколадото може да има и благ антидепресивен ефект, поради неговото влијание врз ендорфинот. 14. Дрвјата какао живеат 200 години, но можат „да раѓаат“ чоколадо само 25 години од нив.  си/

Остани поврзан