• понеделник, 23 декември 2024

„Замисли” ја поздрави најавата на Владата за разрешување на раководството на М-НАВ

„Замисли” ја поздрави најавата на Владата за разрешување на раководството на М-НАВ

Скопје, 5 јануари 2024

Граѓанската сила „Замисли” изразува безрезервна поддршка на битката против партизација на М-НАВ, предводена од Синдикатот на контролорите на летање, каде претседател е нашиот активист Александар Тасевски.

Ја поздравуваме најавата на Владата за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ и за ревизија на досегашното работење.

За демонстрацијата на сила преку насилничкиот упад во М-НАВ, пак, што директно ја наруши безбедноста на вработените и на авиосообраќајот на македонското небо, бараме и мора да има правна разврска и кривична одговорност.

Битката за професионалност во М-НАВ е битка на сите нас, за држава на граѓаните, а против држава разбрана како сопственост на политичко - криминални групации.

Таа битка се води постојано и не треба да се чекаат криминални и насилни упади или ескалација на состојбите за да се преземат мерки, особено ако се има предвид дека Синдикатот алармираше за овие процеси од многу одамна.

Овој Синдикат, воедно стана и симбол на професионален интегритет и пример за пркос против партизацијата, која освен што ги подрива институциите, почна да биде и директна закана за безбедноста и животот на граѓаните.

Оваа победа, доколку Владата си остане доследна на најавата, е пример како организиран и обединет отпор од професионалци поддржан од јавноста може да предизвика сериозни системски промени и да ги поттикне на акција носителите на одлуки.

Без јасна линија помеѓу државата и партијата, без да се знае каде завршува партијата, а каде почнува државата, нема ниту држава, ниту иднина.

Вистински луѓе на вистински места е нашето мото - и тоа очигледно е поважно од кога било.

Тимот на „Солуција“, основачи на Граѓанската сила „Замисли“

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан