• четврток, 26 март 2026

Заменичката генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска ќе ја посети Бугарија

Заменичката генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска ќе ја посети Бугарија

Брисел, 5 септември 2025 (МИА) - Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението за медиумите на НАТО.

Таа ќе одржи неколку билатерални средби.

За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО „Бугарија“ во базата во Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за итен одговор „Бугарија 2025“ во Центарот за обука на професионални први одговорници во Монтана.

Таа, исто така, ќе одржи говор во Атлантскиот клуб, соопшти НАТО. зш/

Остани поврзан