• понеделник, 23 декември 2024

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин во посета на Општина Василево

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин во посета на Општина Василево

Струмица, 23 ноември 2023 (МИА) - Заменик министер за труд и социјална политика Енвер Хусејин, денеска беше во работна посета на Општина Василево, каде со градоначалникот Славе Андонов разговараа за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево, соопштија од локалната самоуправа.

Како што информираа оттаму, на состанокот главно се разговарало за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува градинката.

- Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес. На состанокот се разговараше и за состојба на новата детска градинка во село Ангелци, која сè уште не е ставена во функција, соопштија од Општината.

По состанокот во кабинетот на градоначалникот, заменик министерот ја посети градинката „Прва радост“ во Василево, каде се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање на оваа установа во иднина. рт/ир

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан