• четврток, 20 март 2025

Заменик-министерот за здравство ги посети повредените во Ниш

Заменик-министерот за здравство ги посети повредените во Ниш

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа.

Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата на тројцата пациенти хоспитализирани во оваа установа.

Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но истите остануваат под внимателен лекарски надзор и соодветна терапија.

-Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти, стои во објавата на Фејсбук на Министерството за здравство. нд/дма/

Фото: МЗ Фејсбук

Остани поврзан