Заменик-министерот за внатрешни работи Исени се сретна со турскиот амбасадор Фатих Улусој
- Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се сретна со турскиот амбасадор Фатих Улусој, придружуван од неговите советници за внатрешни работи. На средбата, како што информира МВР, соговорниците се согласија дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.
Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска се сретна со турскиот амбасадор Фатих Улусој, придружуван од неговите советници за внатрешни работи.
На средбата, како што информира МВР, соговорниците се согласија дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.
Амбасадорот Улусој искажал благодарност за досегашната соработка меѓу двете земји и се заблагодарил на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи.

Заменик-министерот Исени се заблагодарил на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Северна Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Тој ги презентирал предизвиците со кои се соочува МВР, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.
- На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а заемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени, се вели во соопштението.
Заменик-министерот Исени и амбасадорот Улусој се согласиле дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена. мд/дма/
Фото: МВР