• сабота, 06 декември 2025

Заменик-министерката Трајков ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул 

Заменик-министерката Трајков ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул 

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашањa Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит, што ќе се одржи денеска и утре во Истанбул, Турција. 

Од Министерството за европски прашања денеска соопштија дека заменик-министерката Трајков ќе има излагање на една од сесиите на Самитот, на која ќе говори за евроинтеграцискиот процес на нашата држава и перспективите на нашата земја на патот кон ЕУ. 

На 28-миот Евроазиски Економски Самит, во организација на Мармара Фондацијата, ќе се дискутира за актуелните предизвици, а ќе учествуваат високи државни преставници од повеќе балкански држави. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан