• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заменик-министерката Лашкоска на работен состанок на мрежата на директори на агенциите за животна средина во Европа

Заменик-министерката Лашкоска на работен состанок на мрежата на директори на агенциите за животна средина во Европа

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со претставници од Македонскиот информативен центар за животна средина, учествувале на 43-тиот состанок на мрежата на високи претставници и  директори на агенциите за заштита на животната средина во Европа (ЕПА мрежата) што деновиве се одржал во Парламентот на Виена. Мрежата е формирана од Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

-На состанокот, претставниците од ЕЕА изразија задоволство од напредокот на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање со земјите од Европа, потенцирајќи го успехот во известувањата со податоци и информации за состојбата на животната средина во нашата држава. Тие, исто така, укажаа и на успехот од континуираните активности за јакнење на капацитетите на Министерството за  животна средина и просторно планирање и редовното учество во работната програма на ЕЕА, како агенција формирана од Европската комисија, соопшти МЖСПП. 

Во рамки на настанот, заменик-министерката Лашкоска остварила повеќе средби со претставници од Европската комисија, директорите на агенциите за животна средина од повеќе европски земји, како и со голем број експерти кои учествуваат во работата на ЕП- мрежата и придонесуваат за ефективна имплементација на европската регулатива за животна средина.

-Како дел од работната агенда, извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Лена Ила Мононен, презентираше информации за напредокот на имплементацијата на клучните политики за заштита на животната средина во Европа, предизвиците кои доаѓаат од развојот на AI – вештачката интелигенција, како и потенцијалните влијанија врз животната средина или можностите за користење на овие алатки при решавање на притисоците и предизвиците во животната средина, наведува МЖСПП во соопштението. хс/лв/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан