• недела, 05 мај 2024

Заменети оштетената столарија во селскиот Дом во пехчевски Црник

Заменети оштетената столарија во селскиот Дом во пехчевски Црник

Пехчево, 25 март 2023 (МИА) - Во Пехчево реализирани активности за замена на столаријата во селскиот Дом во селото Црник. Активноста се реализира откако претходно е утврдено оштетување на постоечката столарија.

-Општина Пехчево со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку годишните планови и програми за интегрирани активности од Стратегијата за Роми и националните акциски планови го реализираше проектот „Промена на прозорци во салата во Домот во село Црник“ – Пехчево. Промената на прозорците во салата во Домот во село Црник е од големо значење за населението во селото, бидејки претходните прозорци беа искршени и уништениз, информираат од општината.
 
 
Населението овој дом, како што додадоа, го користи за разни културни манифестации и програми кои ги организира локалното население, а пред се младите во селото.
 
-Апелираме на одговорно однесување и чување на општествените добра се со цел истите да им служат на мештаните за корисни работи, посочуваат од општината.
 
Проектот е во вредност од 156 илјади денари од кои 117.535 денари се средства обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа додека останатата сума е обезбеден од Буџетот на Општина Пехчево. вс/фф/
 
Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан