• понеделник, 23 декември 2024

Заловување на бездомни кучиња во општина Аеродром

Заловување на бездомни кучиња во општина Аеродром

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Јавното претпријатие Лајка од денес започнува со стратешко заловување на кучиња во општина Аеродром.

Нивните тимови, како што информираа од Лајка, ќе бидат на терен до петок во реоните Долно Лисиче, Горно Лисиче,  населба Лисиче, Ново Лисиче, Тодор Чангов, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Заловувачките тимови ќе ги заловат сите бездомни кучиња  во овие реони кои го немаат поминато хуманиот третман.

Граѓаните може да се јават на телефонскиот број 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk. ен/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан