• вторник, 19 ноември 2024

Законот за буџети доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет

Законот за буџети доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) - Законот за буџети, со кој се обезбедува поголема транспарентност и отчетност на целокупниот буџетски процес, доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на својот фејсбук-профил. Тој посочи дека Законот ги регулира фискалните правила, воспоставувањето на Фискален совет, среднорочното буџетско планирање, објавувањето на регистар на јавни субјекти, подобреното управување со јавните инвестиции, редовното следење на извршувањето на буџетот, управувањето со финансиски и нефинансиски средства на државата и општините, воспоставувањето на Интегриран информационен систем за управување со јавни финансии и друго. - Законот за буџети се вклопува во концептот СМАРТ финансии кој има за цел обезбедување рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност. Системот на СМАРТ финансии се базира на одржливост, одговорност, реформска ориентација и транспарентност и е во согласност со определбата за подобрување на системот за управување со јавните финансии, напиша Бесими на „Фејсбук“. ир/сп/

Остани поврзан