• вторник, 19 ноември 2024

Заков: Бугарско-американската обука на „Ново Село“ е важна за бугарските вооружени сили

Заков: Бугарско-американската обука на „Ново Село“ е важна за бугарските вооружени сили
Софија, 18 март 2022 (МИА) - Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков, кој заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се сретнаа со бугарските и американските војници кои учествуваат на заедничката обука на полигонот „Ново Село“, изјави дека оваа посета јасно покажува дека Бугарија е доверлив сојузник на НАТО. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Заков, посветеноста на САД кон безбедноста во Европа била многу пати потврдена во изминатите денови, а уште еден таков доказ е посетата на неговиот американски колега на Бугарија. - Посетата е значајна, нагласи министерот Заков, додавајќи дека на полигонот „Ново село“ првпат се подготвува бугарски баталјон, кој е под оперативна команда на главниот командант на вооружените сили на НАТО во Европа, што според него е историски момент и покажува дека бугарската армија се повеќе се интегрира во структурите на НАТО. Тој нагласи дека „бугарско-американската заедничка обука на полигонот Ново Село е важна за бугарските вооружени сили и не треба да постои страв дека имаме сојузници од НАТО на наша територија, тоа не се странски сили, туку сојузнички сили“. Претстојните средби и разговори за време на дводневната посета на Остин на Бугарија ќе ги наведат следните чекори во дијалогот и стратешкото партнерство. Од своја страна, американскиот секретар за одбрана им се заблагодари на војниците кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука за нивните секојдневни напори за зголемување на оперативната компатибилност. нк/

Остани поврзан