• вторник, 19 ноември 2024

Заздравувањето на Нејмар ќе трае околу 10 месеци

Заздравувањето на Нејмар ќе трае околу 10 месеци

Рио де Жанеиро, 1 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ал Хилал и репрезентацијата на Бразил, Нејмар, ќе закрепнува од повредата околу 10 месеци, пренесува бразилската телевизија „Глобо“.

Триесет и едногодишниот напаѓач ќе биде опериран утре, 2 ноември. На барање на фудбалерот третманот ќе биде извршен во Бразил. Тој ќе биде опериран од докторот на бразилскиот национален тим Родриго Ласмар.

На 18 октомври, Нејмар беше тешко повреден на натпреварот на репрезентацијата на Бразил против Уругвај (0:2) на квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 година. На напаѓачот му беше дијагностициран скинат вкрстен лигамент и менискус на левото колено. 

Ова лето Нејмар се пресели во Саудиска Арабија, во Ал-Хилал од Пари Сен-Жермен. Успеа да одигра пет натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан