Заеднички превентивни активности на Општина Битола и Дирекцијата за заштита и спасување
- Општина Битола во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) изврши инспекциски контроли и увид во образовни објекти, детски градинки и училишта, а со цел зголемување на безбедноста и континуирана грижа за најмладите.
Битола, 13 мај 2025 (МИА) - Општина Битола во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) изврши инспекциски контроли и увид во образовни објекти, детски градинки и училишта, а со цел зголемување на безбедноста и континуирана грижа за најмладите.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека во консултација со Дирекцијата за заштита и спасување констатирани се неправилности во детската градинка во село Бистрица и до отстранување на неправилностите децата ќе бидат згрижени во детската градинка во село Кравари. Исто така во ОУ „Крсте Петков Мисирков“-Бистрица ќе се врши корекција на постоечкиот проект за реконструкција на предвидената спортска салa. За ова училиште, во кое што се поставени и фотоволтаици, предвидено е зголемување на енергетската ефикасност, за што ќе се изработува и целосен проект.
Неправилности регистрирани се и во училиштето во село Дихово и до исполнување на потребните услови за настава училиштето ќе биде затворено, а учениците од ова училиште наставата ќе ја следат во најблиското училиште во селото Трново, информираа од Општина Битола. мт/мд/
Фото: Општина Битола