• понеделник, 23 декември 2024

Заедничка хуманитарна акција на Балканскиот универзитет и „Рамстор“ за помош на настраданите од земјотресот во Турција

Заедничка хуманитарна акција на Балканскиот универзитет и „Рамстор“ за помош на настраданите од земјотресот во Турција

Скопје, 8 фев руари 2023 (МИА) - Меѓународниот балкански универзитет во соработка со „Рамстор” организира хуманитарна акција за собирање помош во облека, постелнина, средства за хигиена и храна за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш - Пазарџик во Турција.

За таа цел, како што соопшти  Стопанската комора на Македонија - Турција, кутии за донација се поставени на повеќе локации, и тоа: Кампусот на Меѓународниот балкански универзитет, маркетите на Рамстор во Рамстор Мол, Капитол Мол, Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, потоа во маркетите Рамстор Топанско, Рамстор Водно и Рамстор Карпош во Скопје, Рамстор Гостивар и Рамстор Куманово, и во Мурат-Пашината Џамија во Старата чаршија во Скопје.

Граѓаните кои сакаат да ја искажат својата солидарност со настраданите од погодените подрачја во Туркије ќе можат да ги остават своите донации во обележаните кутии за донација на било која од горенаведените локации од денес па сѐ до петок, 10 февруари, до 22:00 часот.

Она што се препорачува како донација бидејќи во моментов е неопходно за преживеаните од регионот погоден со катастрофалниот земјотрес се: ракавици, капи, шалови, јакни, чизми, хигиенски средства за чистење, хигиенски влошки, пелени, храна за бебиња, влажни марамици, перници, јоргани, ќебиња, конзервирана храна и слично.

Донацијата ќе биде доставена до Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД). мч/аа/

Остани поврзан