• сабота, 21 декември 2024

Заев: Со Мицкоски никој не знае на што е, на 17 октомври Кавадарци го избира најдоброто

Заев: Со Мицкоски никој не знае на што е, на 17 октомври Кавадарци го избира најдоброто
Кавадарци, 4 октомври 2021 (МИА) - Со Христијан Мицкоски никој не знае на што е, тој нема став, еднаш вели едно, другпат второ, а прави сосема трето. Човекот кого го разреши од потпретседател на партија, го исклучуваше од партија, се кавгаше и расправаше со него, на крај застана до него, нудејќи го како негов кандидат за Кавадарци, порача вечерва од Кавадарци претседателот на СДСМ Зоран Заев. Заев посочи дека во Кавадарци и во секоја друга општина ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз, затоа што, рече, знаат граѓаните кој работи за нивните, а кој против нивните интереси. - Граѓаните се мудри и знаат да измерат и да оценат. Граѓаните гледаат кој ги раздолжи општините со 50 милиони евра и вложи дополнителни 500 милиони за проекти, а кој потроши 800 милиони за криминални тендери само во центарот на Скопје. Гледаат граѓаните и знаат, кој за четири години изгради 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, а кој постави 300 споменици, гипс картон, палми и жални врби. Знаат граѓаните и кој ја држи стабилна цената на струјата, а кој ја покачи за 100 отсто. Знаат граѓаните кој им должеше субвенции со години, а кој навремено им испалаќа субвенции. Знаат лозарите колку пари имаа од грозјето, и колку приход имаат денес. Гледаат граѓаните и прават разлика и таа разлика ќе ја потврдат на денот на изборите. Знаат граѓаните дека сега е многу подобро и затоа на 17 октомври ќе го изберат најдоброто и масовно ќе гласаат за број 12, порача од Кавадарци, претседателот на СДСМ Зоран Заев. цр/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан