• среда, 26 јуни 2024

Заев: Солидарноста, системското функционирање во координација со меѓународните сили помогнаа да се изгаснат пожарите

Заев: Солидарноста, системското функционирање во координација со меѓународните сили помогнаа да се изгаснат пожарите
Скопје, 10 август 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вечерва на „Фејсбук“ напиша дека солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.
- Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија. Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните, напиша Заев. ир/мс/

Остани поврзан