• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Скопје никогаш не ги заборава жртвите и своите граѓани

Заев: Скопје никогаш не ги заборава жртвите и своите граѓани
Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани. Ова го напиша на својот официјален ФБ профил премиерот Зоран Заев. - Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата, објави Заев. Скопје во својата долга историја, напиша на фејсбук Заев, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит. цр/са/

Тагови

Остани поврзан