• сабота, 21 декември 2024

Заев: Пожарот во Кочани е локализиран

Заев: Пожарот во Кочани е локализиран
Скопје,  3 август 2021 (МИА) - Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните, објави ноќва премиерот Зоран Заев на Фејсбук. - Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници. Остануваме со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски, наведува Заев во објавата. Тој упатува благодарност до граѓаните што помагаат, како и до „претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно“„ - Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија Радев, а јас се чув со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев, нагласува Заев. Тој потенцира дека надлежите органи будно ја следат состојбата, дека нема паника, дека ситуацијата е под контрола, како и дека поголем дел од пожарите се локализирани. - Апелирам за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите. Безбедноста на луѓето на прво место, додава Заев во објавата на фексбук-профилот. сп/

Остани поврзан