• петок, 22 ноември 2024

Заев повика на прекин на нападите меѓу Израел и Палестина и изнаоѓање решение со дијалог

Заев повика на прекин на нападите меѓу Израел и Палестина и изнаоѓање решение со дијалог
Скопје, 16 мај 2021 (МИА) – Претседателот на СДСМ и премиер  Зоран Заев  вечера повика на прекин на воените дејствија, бомбардирањето и нападите меѓу Израел и Палестина, како и на изнаоѓање решение преку дијалог. -Твитот што го објавив во однос на случувањата помеѓу Израел и Палестина е соодветен на нашите политики кои повикуваат на престанок на насилството од двете страни, на престанок на нападите  врз цивилното население, на дијалог и на мирни решенија онака како што се нашите политики, рече Заев на вечерашната прес-конференција по одржувањето на 26. партиски конгрес. Заев истакна дека нашата земја е пример, дека дијалогот и дипломатијата можат да даваат решенија на многу тешки прашања. - Сме го искусиле тоа и верувам дека низ дијалог и дипломатија можат да се изнајдат решенија и за вакви прашања, напомена Заев, одговарајќи на новинарско прашање. дма/мч/

Остани поврзан