• понеделник, 23 декември 2024

Заев од Струмица: Мицкоски сака да се вратиме во минатото, тоа е неговата нова иднина

Заев од Струмица: Мицкоски сака да се вратиме во минатото, тоа е неговата нова иднина
Струмица, 29 септември 2021 (МИА) - Мицкоски сака да се вратат во минатото, тоа е за него новата иднина за која што само ВМРО-ДПМНЕ сонува. Зборува за поништувања на договорите со Грција и со Бугарија. Пак ќе ја испокараат државата со сите соседи. Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики, таму каде што застана Груевски и да го подриваат соживотот, за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност. За тие да продолжат да крадат. Ако ни зборува за таква нова иднина, во којашто следува најлошото, а не најдоброто-ред е и на овие избори, по седми пат да му речеме: Мицкоски, не благодарам!, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната промоција на кандидатот за градоначалник на Струмица и на советниката листа. Според Заев, не може стари режимски кадри и нова иднина да одат заедно. Како што рече, не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина. -Тие кочат и блокираат еден проект за нов Кличнички центар од витално значење за здравјето на луѓето во државата. Кого мислат дека може да излажат дека ќе реализирале проекти. Земјата и граѓаните ја осигураа својата иднина со одговорни кадри кои вложуваат во сегашноста и во перспективите. Иднината е јасна како бел ден. Ние земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Макотрпно се изборивме да ја поставиме на правиот пат. Ја развиваме Република Северна Македонија на меѓународен план. Отворивме пат да се посветиме силно на развојот на општините и рамномерниот регионален развој дома. Конечно тргнавме напред. Одиме напред, подвлече претседателот на СДСМ. Оцени дека државата чекори напред и оти тоа е единствената опција за иднината. Предизборниот караван на СДСМ и коалицијата денеска ги промовираше и кандидатите за градоначалници и советничките листи во општините Ново Село и Василево. рт/бак/

Остани поврзан