• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Не постои ниту една пречка за прогласување  на афтокефалност на МПЦ-ОА

Заев: Не постои ниту една пречка за прогласување  на афтокефалност на МПЦ-ОА
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Со благословот и Tомосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална. Нека е за многу години овој голем ден, историски за православието и за македонската државност, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.
Тој потенцира дека македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок.
-Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина. Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност, напиша Заев. дма/

Остани поврзан