Заев: Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унакажаа
- -Вашето и наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто. Слободумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогре
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) - Не го давајте Скопје на оние кои веќе го уканажаа и нагрдија, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој на предизборниот граѓански собир на СДСМ и Коалицијата во Скопје побара поддршка за заедничка прогресивна иднина и за, како што рече, Скопје европски град, Скопје кое сплотува, Скопје наше, ваше, твое на сите.
-Вашето и наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто. Слободумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни ан својот град и својата држава но и ги знаат своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес бидејќи тоа е нашата лична идеологија - најдоброто за сите, рече Заев.
Обединети напред, наведе Заев, е благородна визија и е најважната рационална цел за да продолжиме да се развиваме во духот и рамо до рамо со прогресивниот свет. Тоа е патот за на којшто сме посветени и зашто се обединуваме. Обединети напред е единствениот концепт којшто во себе го носи капацитетот да го осигура прогресот на државата. Тоа е и основниот предуслов за спокоен и квалитетен живот на секој човек и на секое семејство во нашето заедничко Скопје, но и во нашата заедничка држава РСМ.лв/