• четврток, 19 декември 2024

Заев: Нашето општество ги разбива сите глупави идеи за менување граници

Заев: Нашето општество ги разбива сите глупави идеи за менување граници
Дебар, 27 јуни 2021 (МИА) - На било какви планови или нон-пејпери за менување граници, контрааргументот е Северна Македонија и ги разбиваме сите глупави идеи за менување граници, бидејќи сме здраво мултиетничко општество, нагласи на партиската трибина во Дебар, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека денеска Северна Македонија е сигурна и безбедна земја, која во следниот период уште повеќе ќе работи на поткревање на економскиот стандард.
-Како поминува пандемијата, јакнеме економски. Ние го вбризгуваме секој денар назад кон граѓаните, преку ослободување од давачки, а зголемување на извори на приод. Имавме ваучери за туризам, картички за купување... Годишно враќаме 40 милиони евра преку МојДДВ и сите тие пари ги враќаме назад кон граѓаните. Ќе продолжиме преку дијалог да се бориме и да создаваме пријатели и да подаваме рака. Целиот свет ни се поклони и ќе продолжиме да го дигаме економскиот стандард. Тука сме да констатираме што е сработено, иако не сме сјајни, но сме стопати подобри од другите, не правиме пљачки и за забегани проекти, нашиот најголем споменик е нашиот народ, кажа Заев.
Тој рече дека имаме сериозни предизвици во претстојниот период и порача да се продолжи засилено со вакцинацијата, бидејќи децата треба да се вратат во училиште, а во септември ќе се спроведува попис.
-Важно е наесен да ги поттикнеме економските можности, а како излегуваме од кризата ќе имаме уште повеќе инвестиции, бидејќи Северна Македонија е сигурна земја, под закрила на НАТО, што е огромен предуслов за инвестициите, истакна Заев на Граѓанска трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар, на која се обратија и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пратеничката Белкиса Зеќири и локалниот лидер на партијата Азем Фејзоски. Рече дека Дебар секогаш бил пример за соживот и верска толерација, од кого може да учат сите. Го нагласи и фактот дека СДСМ е најголемата мултиетичка партија во која сега членуваат припадници од сите етнички заеднци, -За овие четири години, СДСМ презеде низа одлучни чекори кои донесе еднаквост, интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите. Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притисок за покачување на сите плати. Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари. И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните, рече пред дебрани Заев. Посочи дека денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот. Заев се осврна и на странските инвестиции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност. -Имаме 34 инвестиции, компании од сите индустрии кои отворија свои капацитети ширум државата. Во моментов, преговараме со 30 нови компании кои отвораат над 15.000 работни места. Кога ја презедовме власта стапката на невработеност беше 26 отсто, денес таа изнесува 16 отсто и правиме се за уште повеќе да се намали и се надевам дека уште оваа есен ќе имаме капацитет на сите млади да им понудиме веднаш да тргнат на работа, посочи Заев. Додаде дека и во време на коронакризата, се спасија работни места, платите не се намалија туку напротив, тие растеа, а пензиите се исплатуваа дури и пред време. Наспроти тоа, опозицијата, според него, настапува со постојани опструкции. -Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“, порача Зоран Заев на трибината во Дебар, надоврзувајќи се на обраќањето на пратеничката Зеќири која ги наведе блокадите што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да и ги направи на државата. - Но и тие кочници ќе ги разбиеме, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Не може да ги закочат процесите за единствениот Клинички центар во државата, да ги закочат новите инвестции на американскиот „Бектел“ кој треба да ги изгради останатите делници од автопатите во државата, од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Кичево и автопатско решение Струга - Ќафасан. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме, затоа се што правиме е во интерес на граѓаните. Клиничкиот центар сигурно ќе биде под 500 милиони евра, прашање е дали ќе го изградиме или не. Им понудивме иако се опозиција да имаат мнозинство во управувањето на градбата на центарот и до ден денес тие ја блокираат изградбата, речеа Заев, повикувајќи го министерот за здравство да не се откажува од овој проект затоа што коронакризата покажа колку се важни инвестициите во јавното здравство. Пред дебрани се обрати и членот на Извршниот одбор на СДСМ Благој Бочварски  и министер за транспорт и врски. -Решивме, бидејќи сакаме, знаеме и можеме да не инвестираме во споменици, туку во патиштата за да ги задржиме луѓето овде, за да го направиме животот полесен и подобар, за да донесеме нови инвестиции порача, Бочварски. Тој наведе дека во Дебар е изграден новиот булевар, а во тек е рехабилитација на клучниот патен правец од Маврови Анови до Жировница, кој досега не бил допрен, рехабилитиран е патот од Лазарополе до Гарски мост, а во план е рехабилитација на правецот од Извор до Гарски мост. Бочварски соопшти дека од инвестицијата на владата за локални улици и патишта, во вкупна вредност од 70 милиони евра, со кои државата им помага на општините, во изградба на 450 километри патишта, за Дебар се на располагање 700.000 евра. -По стивнувањето на пандемијата, градежниот сектор остана и го преживеа ударот на пандемијата, нема отпуштања во градежните компании, бидејќи градиме патишта, градинки училишта, водоводи, канализации, социјални станови, ја градиме државата, нагласи Бочварски. Пратеничката Зеќири се задржа на успешниото справување со пандемијата со Ковид -19, за грижата на партијата за обезбедување подобар живот за сите. -Ние во Собранието пуштивме закони со кои се обезбедуваат повеќе работни места, се грижиме за иднината на младите, а опозицијата кочи и блокира се, го кочи и законот за наставници, каде ние се трудиме наставниците да со добијат трајно решение за работен однос, законот за Армија исто така е заглавен во собраниска процедура и уште многу други закони со кои се гарантираат уставните права на граѓаните, истакна на трибината пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири. Таа нагласи дека СДСМ се бори за своите граѓани, а не заработува на грбот на граѓаните, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ и во време на пандемија покажа како се работи, реализиравме сетови мерки финансиска помош, за граѓаните, спасивме 100.000 работни места, им помогнавме на десетици илјади компании, успешно вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите, нашата грижа е подеднаква за сите, истакна Зеќири. Таа истакна дека СДСМ создаде чувство за соживот, за доверба и почит, СДСМ го создаде и имплементира Едно општество за сите, тука нема поделби по етничка и верска припадност, тука има луѓе способни кои се грижат за своите сограѓани. Платформата едно општество за сите, е платформа за напредок и социјален развој за сите подеднакво. Создадовме праведно и правично општество , општество на еднакви можности и држава во која никој нема да биде изоставен, порача Зеќири. -Нашата цел е заедно да ги креираме политиките и мерките кои гарантираат развој , напредок и подобар квалитет на живот за сите, затоа што следна работа што доаѓа е најдоброто за нашата општина, истакна пратеничката Зеќири. Претседателот на општинската организација на СДСМ Азем Фејзовски, откако напрви пресек на досега рализираните активности за подобрување на животот на граѓанте во ова подрачје, побара поголеми инвестиции пред се во инфастрктурата  во селските населени места. вт/са/

Остани поврзан