• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Минимална плата 20.000 денари, просечна 34.000 до крајот на мандатот 

Заев: Минимална плата 20.000 денари, просечна 34.000 до крајот на мандатот 
Куманово, 28 јуни 2020 (МИА) - За четири години зголемување на минималната плата на 20.000 денари, а на просечаната на 34.000, вети лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Тој истакна дека со одговорни политики, со стабилна и развојна економија, до крајот на новиот мандат, до 2024 година, минималната плата и просечната плата ќе продолжат да растат, ќе растат странските инвестиции, а невработеноста ќе се намалува.
- Ако за 2.5 години успеавме минималната плата да ја зголемиме за 5.500 денари, од 9.000 на 14.500 сигурни сме дека можеме во полн мандат од 4 години, да ја зголемиме за дополнителни 5.500 и дека минималната плата ќе изнесува 20.000 денари. Можеме да ја зголемиме и просечната плата на 34.000 денари, истакна Заев.
Пред присутните, тој ги претстави столбовите на програмата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.
- Ова е нашата визија, нашиот јасен план за Северна Македонија во 2024 година. Нашата програма се базира на 6 сеопфатни столба: Стабилна држава со нова, развојна македонска економија, Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, Држава која се грижи за сите, Држава која е правна и праведна, Тоа е зелена, еколошка држава, тоа Европска држава, членка на НАТО. СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. Ова се столбовите на кои е изградена нашата Програма. Чесна, одговорна и достојна понуда за граѓаните, порача Заев.ам/са/

Остани поврзан