Заев - Блер: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
- Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со поранешниот британс

Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со поранешниот британски премиер Тони Блер што се одржа на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина.
- Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали. Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија, заклучија Блер и Заев, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
